|

Maгла на патот Тетово-Попова Шапка и кај Стража, АМСМ препорачува внимателно возење

Намалена видливост поради појава на магла од 15 до 20 метри има на патниот правец Тетово-Попова Шапка и од 80 до 100 метри на планинскиот превој Стража, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.



Слични Објави