| |

МАГЛА НА ШАПКА И ПЛЕТВАР, ВО МАВРОВО И НА СТРАЖА СНЕГ

Поради појава на магла има намалена видливост на Попова Шапка до 20 метри и на планинскиот премин Плетвар од 50 до 80 метри, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија во дневниот утрински извештај за состојбата на патиштата.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата, додека на некои од повисоките места наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“. Во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни.

Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Маврово и на планинскиот премин Стража, а со слаб интензитет на планинските превои Буково и Ѓавато.

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие коишто ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.



Слични Објави