Макарони со мелено месо

/

Состојки:
– 500 гр. макарони (спирали)
– 300 гр. мелено месо
– 1 лажичка оригано
– сол – по вкус
– црн бибер – по вкус
– 2 глави кромид
– 2 чешниња лук
– 2 парчиња моркови
– 6 пиперки – (зелени и црвени)
– 100- 200 гр. домати
– 200 гр. кашкавал
– 5 лажици маслиново масло

Подготовка:
Сварете ги тестенините во солена вода со 1 лажичка маслиново масло. Загрејте го преостанатото маслиново масло и испржете ги кромидот, лукот, морковот и ситно исечените печени пиперки.

Откако ќе омекнат, додадете ги зачините и меленото месо. Мешајте се додека месото не се испржи и додадете ги доматите.  По 5 минути отстранете го сосот од плочата за готвење.

Во тава, ставете ги тестенините и сосот, измешајте убаво, посипете со кашкавал и ставете го јадењето да се пече на умерена температура се додека не добие златна боја.



На здравје!

 

Претходна статија

Намалете го шеќерот во крвта со помош на билки и зачини

Следна статија

Супер трикови за шминка (ВИДЕО)

Најново од Магазин