Макарони со туна и брокула

Состојки:
– 1 пакетче макарони по избор
– 300 грама брокули
– 250 гр. туна
– 2 лажици масло
– 3 чешниња лук
– 1 домат
– 5 лажици доматен сос
– сол

Подготовка:
Сварете ги макароните во солена вода. Кога ќе бидат готови исцедете ги и измијате ги со ладна вода. Во тенџере на оган ставете ги маслото и доматниот сос и мешајте непрестано 5 минути. Потоа додадете ги макароните, брокулите и доматот (сито исецкан). Мешајте 5-10 минути и потоа тргнете го јадењето од огнот. Лукчето истолчете го и заедно со туната додадете го во макароните. Измешајте убаво и послужете.

На здравје!



Слични Објави