| |

МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД СИ ЈА САКААТ ГРЦИЈА

Според податоците од пограничната полиција, од вчера од 12 часот преку граничниот премин Богородица кон Грција се упатиле вкупно 12.200 патници од кои само на излез се регистрирани 10.394 патници. Од нив 8.500 се македонски граѓани. Командирот на граничниот премин Миле Тошев изјавил за МИА дека за изминативе седум часа,  на излез се регистрирани околу 4.500 патници. Тошев додал дека на преминот се работи со полн човечки и инфраструктурен капацитет за да се задоволат потребите на сите што одлучиле да патуваат. Задржувањето на патниците изнесува од 20 до 30 минути поради обавување на царинските формалности. Толкаво е задржувањето на патниците и на грчката страна од границата.

 

Слични Објави