| | |

МАКЕДОНИЈА ДОБИ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ОД НАТО

НАТО на наша адреса испрати позитивни сигнали за конечно, по многугодишното чекање, земјава да стане дел од оваа воена алијанса. Од Владата во рок од година и половина се бараат кончено завршување на судските реформи, итно спроведување на внатрешните процедури од Договорот со Грција, поголема отчетност и надзор над разузнавачките и безбедносните служби, ревизија на на внатрешните процедури за испраќање на вооружени сили во странство..

Владата при тоа треба да врши координација и надзор на ресорните министерства чија директна задача ќе биде да извршат низа политички, економски, политички, безбедносни и судски услови, со краен рок до април 2020 година.

Една од забелешките во документот на НАТО, потпишан од генералниот секретар Јенс Столтенберг и кој наведува долг список услови од сите сфери воопштетвено-политичкиот живот во Македонија, нагласува дека Министерството за одбрана треба да почне со спроведување на плановите за реструктуирање и модернизација на вооружените сили за да се постигнат планираните воени капацитети и развивање на поспособни, расположливи и одржливи сили способни да придонесат на мисиите на Алијансата.

Македонија во средината на јули повторно ја доби поканата за членство во НАТО, иако истата е условена од спроведубањето на сите одредби од Преспанскиот договор, за ново компромисно име на земјата. Ова во превод значи уставни измени и додавање на географската одреница кон името на државата – Северна Република Македонија. Претходно, на референдумот кј е распишан за 30. септември, Владата очекува мнозинството од гласачите позитивно да се изјаснат во врска со договорот со Грција како услов за зачленување на земјата во НАТО и ЕУ. 

Разговорите за членство меѓу Македонија и НАТО се очекува да почнат идниот месец, а нивна финализација се очекува до крајот на април 2020 година, по што ќе следи ратификација од страна на земјите членки и Македонија.

Слични Објави