МАКЕДОНИЈА ЈА ОТВОРА ЛИГА НАЦИИ ДОМА СО ЕРМЕНИЈА И ТОА ВО – ПЛАДНЕВЕН ТЕРМИН!

/

Македoнската фудбалска репрезентација вчера ги дозна трите противници од бившиот Советски сојуз за новото издание во Лигата на нации кое ќе се игра од септември до ноември годинава, па сега познат е распоредот, а црвено-црните тргнуваат со дерби против Ерменија.

Македонија според распоредот ќе ја отвори втората сезона, сега во Ц-дивизијата против стариот познаник Ерменија во Скопје, ама и против истиот противник ќе ја затвори сезоната со гостување во ноември во последното коло. Со Ерменците од сите противници, најмногу имаме играно, дури осумпати, со еднаков скор по три победи и две ремија и негативна гол-разлика 13-15, само поради два убедливи порази на две гостувања во Ереван (1-4 во 2011 и 0-4 во 2018).

Но, тоа што е интересно во новата сезона, Македонија нема сите домашни мечеви да ги игра во вечерен термин, туку почнува со несекојдневен и пладневен, в сабота на 5 ептември од 15 часот. Бидејќи ќе игра на истокот од Европа, гостувањата на црвено-жолтите се од 18 часот, а пресметките со Грузија и Ерменија дома – под рефлектори. Интересно, два меча од шесте ќе ги играме и на големи државни празници – 8 септември и 11 октомври.

Македонија после домашниот меч со Ерменија има две гостувања во низа, прво во Тбилиси кај Грузија на 8 септември, а потоа точно еден месец подоцна на 8 октомври во Естонија. Следните два се домашни, со Грузија и Естонија дома, а завршуваме на 16 ноември во Ерменија.

Македонија ќе се обиде после првото место во првото издание во групата, кое ни донесе бараж за пласман на Евро 2020, повторно да биде прва во групата и да избори промоција во Б-дивизијата, но и да остане во игра за евентуално место во плејофот за пласман на СП 2018 , ако не успее да се избори за едно од првите две места во квалификациската група во 2011 година.

РАСПОРЕД НА МЕЧЕВИ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЛИГА НА НАЦИИ 2020/21

ПРВО КОЛО (5 септември, сабота) – МАКЕДОНИЈА – Ерменија (15 часот)



ВТОРО КОЛО (8 септември, вторник) – Грузија – МАКЕДОНИЈА (18 часот)

ТРЕТО КОЛО (8 октомври, четврток) – Естонија – МАКЕДОНИЈА (20.45 часот)

ЧЕТВРТО КОЛО (11 октомври, недела) – МАКЕДОНИЈА – Грузија (18 часот)

ПЕТТО КОЛО (13 ноември, петок) – МАКЕДОНИЈА – Естонија (20.45 часот)

ШЕСТО КОЛО (16 ноември, понеделник) – Ерменија – МАКЕДОНИЈА (18 часот)

Извор: Спорт1



Претходна статија

КАПЕТАНОТ НА КРУЗЕРОТ ПОСЛЕДЕН ГО НАПУШТИ БРОДОТ

Следна статија

МАЛОТО ДЕВОЈЧЕ КОЕ СЕ СМЕЕШЕ НА БОМБИТЕ ВО ИДЛИБ ИЗБЕГА ВО ТУРЦИЈА

Најново од Вести