| |

Македонија меѓу желбите и Унијата

Пишува: Владимир Перев

Минатата недела помина во засилена активност на бугарската дипломатија, наука и новинарство во Македонија. Во просториите на Културно информативниот центар на Бугарија во Скопје, во четвртокот беше организирана научна (и новинарска) конференција за ликот и делото на Гоце Делчев, за потоа, еден ден подоцна во истиот Центар, да се одржи конференција за ликот и делото на славниот бугарски војсководец, воен педагог и публицист Борис Дрангов. Исто така, во петокот, во Клубот на Бугарската телеграфска агенција БТА во Скопје, беше одржана Конференцијата “Б’лгарските гласове за Европа“, каде што македонски активисти на невладини организации, го дадоа своето видување, своите визии за местото на Бугарија и Македонија во Европската заедница, како и визиите за нејзиниот натамошен развој. Трите настани беа скромно одбележани во македонските медии.

За ликот и делото на “нашиот Гоце“ не треба многу да се расправа. Бугарските научници проф. Д-р Михаил Неделчев, доц. Георги Николов, доц. Александар Гребенаров и доц. Ангел Џонев, дадоа целосна слика на неговиот лик и дело, заснована на обемен подбир на книги и автентични материјали и документи од бугарските архиви. Тука беше и Симеон Симев, кој ги искажа, не само спомените на своите предци за времето кое Делчев го поминува во Штип, туку и за целосното поимање на неговата дејност и личност во Македонија.

За полковник Борис Дрангов кај нас малку се знае. Веројатно е дека преднамерено е одбегнуван за било какво проучување. Би било непријатно за секој македонски историчар, модерен или не, да се занимава со личност која за себе вели дека е највоинствениот син на Бугарија и дека љубовта кон Македонија ја става над љубовта и обврските кон семејстото-со тие зборови во писмо до најблиските, тој заминува во војна. Животот го губи трагично на 26 мај 1917 година на месноста Завој на Црна, Тиквешко, а македонскиот народ му отпеал песни кои денес не се заборавени, не се забранети, но се “неудобни“ за јавни изведби. Впрочем, во Македонија ништо не е забрането, само “непожелноста“ да се говори за некои настани и луѓе е непишан закон…тоа е најсилниот закон, посилен од сите донесени кај нас во Парламентот, кои евидентно не се применуваат. Борис Дрангов има и син, револуционерот, адвокат и терорист Кирил Дрангов, еден од неколкумината најблиски луѓе на Иван Михајлов, човекот кој ја реализира одмаздата на ВМРО заради убиството на Тодор Александров и ги затира пројавите на левичарење во Организацијата. За периодот 1941-44 година живее во Скопје и работи како адвокат. По капитулацијата на Бугарија се враќа во Софија и се труди да ја возобнови ВМРО. Откриен е од бугарската комунистичка полиција на Антон Југов и Лев Главинчев (првиот од Гевгелија, а вториот од Охрид), но не се предава во рацете на комунистите. Во херојска борба убива шест агенти на бугарската тајна полиција, за потоа да падне во борбата.

Знаеме што се случува во (не)популарната Историска комисија околу “идентитетот“ на Гоце Делчев, се уште не сме стигнале до Борис Дрангов, за да ги кршиме копјата околу неговиот лик. Дали е наш, или е некаков архибугарин ќе решаваме подоцна, но не треба да се заборави дека е роден во Скопје (семејството со потекло од с. Љубанци) и дека некои од неговите роднини сеуште се меѓу нас. А за Кирил Дрангов? Прашање на чест е да имаш во својот национален пантеон човек кој бил меѓу организаторите на атентатот на кралот Александар Караѓорѓевиќ во Јанка Пуста, но како сме тргнале, него ќе им го оставиме на бугарите, за да си ги земеме Мисирков и Пулевски…како тие да се нешто многу наши!

Средбата во Клубот на БТА во Скопје за визијата на бугарите и македонските бугари за Европската Унија, помина во богата и исцрпна дискусија, а најважните поенти можат да се извлечат од сајтот на БТА. Еве некои од дискусиите, претставени во оригинал, онака како што се објавени на БТА:

Георги Трендафилов: Правителството в Скопие отказва да вдъхне живот на един двустранен договор, който има дългосрочни последици за стабилността и просперитета на Македония. Много просто, те не зачитат това, което подписаха еуфорично. Никой не ги е карал насила да го подпишат този договор. Въпреки еуфорията, която демонстрираха пред обществеността, този договор не функционира!

Коста Филипов, долгогодишен кореспондент на БТА и БНТ во Скопје: Мисля, че пропуснахме много сериозно време за опознаване на хората от двете страни на границата.

Петар Колев (ГДУ): Ние искаме бърза писта за интеграция на Република Северна Македония (РСМ).  …Ние като общност, заедно с албанската общност, сме най-силно убедени, че бъдещето на македонската общност е в Европейския съюз.

Тентов Владислав: Оптимист съм, че ако Република Северна Македония (РСМ) разреши своите проблеми с България, ще може да започне истински и честни преговори за членство в Обединена Европа и така да върви напред, без омраза за бъдещите поколения.

Ангел Ангелов, амбасадор на РБ во Македонија: На нас ни е необходима модернизация на обществата в Западните Балкани, за да могат те да излязат от догмите на миналото…Той коментира, че на манталитета: “Мъжки е да се обещае, но е човешко да не се изпълни”, трябва да бъде сложено край….”Виждаме гаранциите, които сме искали за нашето малцинство в Албания, се изпълняват. Ние сме готови да дадем зелена светлина на Албания. Дали това ще бъде в пакет или отделно от Република Северна Македония е въпрос на преговори, които ще видим как ще завършат”, каза още той.

Џамбаски: …обясни, че е постигнал съгласие за това, че няма никаква причина Албания да бъде сдвоена с Република Северна Македония или да чака да започне преговори за членство, след тежък разговор с Еди Рама и спор с него.

Движението на Европа на две скорости е вредно, кажа Тошко Йорданов, председател на парламентарната комисия по култура и медии по време на конференцията

Илхан Ќучук, евродепутат: Ако ЕС не погледне към разширяването си в Западните Балкани, трети сили ще участват. В международните отношения няма вакуум и този вакуум не се търпи от никого, добави евродепутатът.

Кирил В’лчев, Генерален директор на БТА: Друга голяма ценност е, че Европа има обща история. Европа е общо пространство и трябва да се спре с парцелирането и деленето, допълни той. Точно България през 2018 г. предложи едно общо решение за целите Западни Балкани.

Владимир Перев: Защо един ден  някой или някои сили  да не  поискат да преформатират тази държава, може и аз да искам македонската държава  да бъде по-различна, да имат българите права в тази държава,  да имат представители в парламента, да имат равномерно представители във всички институции, ако това е желанието на стотина хиляди души тук и  което е желание за свобода, а не да се крият зад фалшиви преброявания, тогава  се поставя въпроса  и за нещо друго –  за културното наследство. Кой  в Македония ще бъде наследник  на Гоце Делчев, Възраждането, Дамян Груев, Илинденското въстание,  кой ще бъде  наследник на тези традиции, македонските българи или македонците, дали в един момент на преформатиране на македонската държава,  може да е конфедеративен статут,  в Македония имате една трета албанско малцинство, което търси своите права.  При една  такава нова  позиция на парламента и държавата, коя Македония ще бъде духовен наследник на духовните богатства на българския етнос тук, не говорим за  финансовите права и материалните, попита Перев.

Ова се кратките извадоци од обемните дискусии на учесниците на Конференцијата. Појавата на оптимизам и речи си еднодушната поддршка на Северна Македонија за влез во Европскиот Сојуз беа неподелени, но секогаш како главен услов, кај сите дискутанти, провејуваше обврската на Македонија да ги исполни познатите услови од Договорот за Добрососедство и пријателство со Бугарија.

Сите говореа за “изгубеното време“ но никој не говореше за одговорноста на македонските или странските раководители. Никој не ги спомена ниту Глигоров, ни Црвенковски, ниту Георгиевски, Груевски или покојниот Борис Трајковски…како никогаш да не биле во земјава, или биле некакви споредни политички персони…ни дума за одговорност. Државата 28 години се бореше со Грција и опстојуваше на невозможна теза за сопствениот идентитет, за на крајот да биде принудена да го потпише Преспанскиот договор. Оној другиот, Охридскиот од 2001 година никој не го спомена, ама и двата договора стоеја над главите на учесниците како некакво магливо предупредување за иднината на земјата.

Овие денови, отворање на нови размисли даде експредседателот на Бугарија Петар Стојанов, кој за медиите изјави дека “…позицијата на Бугарија кон Северна Македонија не треба да биде агресивна, бидејќи така се создава една нација кој искрено ја мрази Бугарија.“ Провидна и лекомислена изјава. Стојанов заборавил на времето на посета на Македонија, поточно на Охрид, каде остарените потомци на познатите охридски семејства, ги извадоа од гардероберите костумите кои ги чуваа за сопствениот погреб, ги “л’снаа“ чевлите и отидоа да го дочекаат со овации, аплаузи и гласни довикувања “ајде, трета мајка!“. Алудираа на изгубените две светски војни и на очекувањата за мирно разрешување на македонско-бугарскиот јазол. Некаде во тоа време тој ја даде и изјавата за “Македонија како најромантичниот период во бугарската историја…“

Заради таа добронамерност, во Македонија беше начисто распнат на крст, а навредите и подигравките со неговата личност станаа секојдневие во еден подолг период низ македонските медии. Таа негова несреќна судбина ја делевме и ние, македонските бугари, но многу пожестоко и директно…нормално, бевме помали, поблизу и по слаби. Денес одново ја прави истата грешка. Тој не се научи, но од таа грешка научија Екатерина Захариева, Теодора Генчовска, Слави Трифонов како и ред други бугарски политичари. Работата најдобро ја сфати председателот на Бугарија Румен Радев кој отвори нови пространства во односите МКД-БГ.

Македонците секогаш биле во дилемата “меѓу магарето и змијата“ а современите и силните народи се во определбата за почит кон нив, па макар и “преку омраза“. Нештата ќе се средат со тек на време, а односите треба да бидат достоинствени…кој уште се сеќава колку била мразена Германија.

Големите народи и големите луѓе, никогаш не треба да дозволат да бидат изложени на потсмев или презир…другото е право на избор!

Слични Објави