МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРИ СО ПРЕКРАСЕН ГЕСТ ПОГЛЕДНЕТЕ КОМУ ЌЕ ДОНИРААТ МЕД

/

Македонскиот Сојуз на пчеларски здруженија ќе организира хуманитарна акција за донирање мед на здравствените работници во македонските медицински центри.

Во изјава за МИА, Менде Трајковски, претседател на Сојуз на пчеларски здруженија истакна дека на Денот на здравствените работници и денот на здравјето 7-ми Април, ќе донираат во медицинските центри во повеќе македонски градови.



„Акцијата ќе се спроведе преку локалните пчеларски здруженија во Скопје, Битола, Куманово, Струмица, Прилеп, Охрид, Кочани, Крушево и Македонска Каменица, а медот ќе биде наменет за луѓето кои во овој момент се во „прва борбена линија” односно медицинските лица во клиничките центри-болниците“ вели Трајковски.

Претходна статија

СРЕДА НЕРАБОТЕН ДЕН ЗА РОМИТЕ

Следна статија

УТРЕ БЕЗ СТРУЈА ДЕЛ ОД КОРИСНИЦИТЕ ОД СТАНБЕНО-ДЕЛОВНИОТ КОМПЕЛКС „СКОПЈАНКА”

Најново од Вести