МАКЕДОНСКИТЕ УМЕТНИЦИ ВИНЧИЌ И ТАНЕВСКИ УЧЕСНИЦИ ВО ЛИКОВНАТА КОЛОНИЈА „ПРИЛИПЕЦ“, СРБИЈА

Македонската ликовна уметничка Гордана Винчиќ и нејзиниот колега од Скопје уметникот Александар Таневски зедоа учество на меѓународната 25-та ликовна колонија во селото Прилипец во Србија. Оваа ликовна колонија е специфична по тоа што е во организирана од Српската православна црква по идеја на протојерејот Милан Поповиќ.

Ликовната колонија е позната поради учеството на еминентни српски уметници како: Милош Шобаиќ, Пеѓа Ракиќевиќ, Мишо Вемиќ, Драгослав Хусар, Милун Шиљковиќ, Зоран Сувајац, Драган Јовиќевиќ – Мацола, Ратко Јанковиќ – Певац и други.

Колонијата започна на 20-ти септември и ќе трае до 29-ти септември. Сите триесетина уметници се сместени во просториите, дел од црквата .”Раѓање на Пресвета Богородица”. Во комплексот има и три галерии во кои ќе бидат изложени сите дела на завршната церемонија при завршетокот на колонијата.

„Сакам да се заблагодарам на гостопримството од страна на жителите на селото Прилипец кои секојдневно донираат и допринесуваат за атмосверата и амбиентот на сите учесници. Доживувам изобилство на секакви потребни материјали за творење, храната и пијалокот се од локално еколошко производство. Секој ден е проследен со заедникувања, музика и песна и прекрасни прошетки во подножјето на Златибор.



Фотографија: Владимир Мијаиловиќ

На секоја колонија се учам нешто ново. Овој пат имав можност да работам заедно со колегата Мишо Вемиќ кој ме навистина ме импресионира со своите динамични и автентични дела со коњите како мотив“- изјави за нашиот портал ликовната уметничка Гордана Винчиќ.

Претходна статија

25. ИНТЕРНАЦИОНАЛНА КИЧЕВСКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ВО КУМАНОВО

Следна статија

ПЛАСИДО ДОМИНГО ПОРАДИ СЕКС-СКАНДАЛ ВЕЌЕ НЕМА ДА НАСТАПУВА ВО МЕТРОПОЛИТЕН

Најново од Култура