| |

Македонско-српските односи од друга призма

Пишува: Арсим Зеколи

Пред извесно време низ српските медиуми се вртеше едно сведоштво на екс-амбасадорот на Србија во Македонија Ѓурин. Во која амбасадорот сведочеше како успеале да се легитимира образованието на српски јазик во подрачјата со етничко српско население во Куманово и околината, кое доскора беше невозможно. Зошто? “А шта раде македонци? Уколико имате више од 21 отсто у једној општини, они ухвате и отцепе вам два села и прилепе некој другој општини и онда ви имате 18 отсто. И не може. Али Ахмети ми је обеќао албанске гласове, кад ми будемо предложили и ставили на дневни ред, да ќе албанци гласати за увеџење српског језика како службеног. И увели смо.”

Сведоштвото на Ѓурин е интересна дескрипција на македонскиот начин на гентрификација на другите со цел спречување на легитимни – особено образовни – права. Модел кој е многу добро познат за албанците низ методите за прекројување на општините, но и потсетник за вечната аргументација “не можеме да им дадеме на албанците, бидејќи останатите етникуми ќе се чувствуваат дискриминирани”. Сведоштвото е исто така интересно за дефинирање на кумановските политичари на СДСМ, ВМРО и нивниот “браќо Срби” однос кон српското малцинство во Македонија и кон Србија. И тоа особено се однесува на Оливер Спасовски, Максим Димитриевски, Димитар Ковачевски кои очигледо убаво ги молзеле србите за гласови и притоа ги влечече за магарешки уши кога станувало збор за исполнување на нивните – замислете, образовни – права.

Тогаш, која е природата на односот кон македонците кон србите, Србија? Во основа, навидум “братски”, но во основа перфидно ист како и кон албанците, бугарите, турците итн.

Пред неколку години реагирав на ставовите на Љубчо Георгиевски за доминацијата и поплавата на српската култура врз Македонија и особено врз македонците. Уште тогаш укажав дека станува збор за превид, за мешање на баби и жаби и дека проблемот не лежи во “доминацијата на српската култура” туку во фаворизирањето на “српската некултура” во и врз Македонија. Како нус ефект на колонизацијата и користењето на Македонија како колонијална караула за бркање на напредните Српски интелектуалци и политичари и нивно контролирање преку српската жандармерија. Нормално, со менување на приликите во Србија, напредните се враќаа во Србија, но жандармеријата остануваше да живее во комотноста на колонијалната супремација. Тој спонтан социален инжењеринг ќе влијае врз формирањето на севкупните политички, економски и пред се културни трендови доминирани од “жандар-мрежата” на привилегијата и исклучувањето на српските – по ист начин како и албанските, бугарските, македонските итн – напредни гласови.

Најблиската референта дескрипција за тој однос е споредбата на односот роб-робовласник од америкнските плантажи и поделбата на “полски” и “домашни” робови. Во таа поделба, полскиот роб е насилно заробен, принуден на макотрпна работа, под вечен сомнеж, прогон и насилство и следствено податлив за бунт против робосопственикот. За разлика од него, домашниот роб е секогаш симпатично поврзан со неговиот сопственик, емоционално споделувајќи ги неговите добри и лоши моменти. Па така, во вокабуларот на ропството, домашниот роб не вели дека “гзадата е болен” туку “ние сме болни”, не вели дека “газдата имаше добра жетва” туку дека “ние имавме добра жетва”, не вели “газдата го казни непослушниот” туку “ние го казнивме непослушниот”. Идентификацијата на робот со сопственикот е понизно само-девалуирање во надеж за милозливо издигнување во ранкот на ропството како субститут на слободата.

Во Македонија, затоа, таа поделба на “полски” и “домашни” србољупства се дели на неадаптираните и никогаш прифатените срби кои не се вклопуваат во визурата на српскиот империјален ум и домашните “домашни” срби кои ја спроведуваат замислата на нивните газди. Колку е поагресивна автентичната нарација од Белград, двојно поагресивна е изведбата во Скопје, диктирано од конкуренцијата за стекнување “привилегиран робовски статус” и желбата за докажување на “поголема ефикасност” како во поглед на домашните робовски ривали така и во очите на газдите од Белград.

Затоа, секоја атавистичка политика на Белград секогаш била и сеуште е двојно поакцентуриана, пожестока, поскарадна, повулгарна и попоростачка во Македонија отколку во Србија, диктирано од за докажување верност по цена на што подлабоко инсталирање на перпетуално чувство на инфериорност и “секогаш недоволно про-српство”. Затоа во Македонија подрастилно се забрануваа српски, хрватски, словенски, албански, бугарски медиуми отколку во Србија. Затоа нашите Милан Панчевски беа поверни кон Слобо од Јовиќ. Затоа во Македонија Шешељ, Младиќ, Аркан шетаа послободно отколку низ Белград. Затоа, во Македонија сеуште цути љубовта кон најпростиот шунд и недоверба кон либералниот урбан моментум на Србија.

Времето влијае на ерозија на таквиот едонос и редефинирање на квалитетот на “србофилијата” на Македонците. На почетокот, како што напоменав, Македонија и македонците имаа бенефити од прогонот на напредните Срби од Србија, и тоа воглавно во пред-воениот период. По создавањето на НФРЈ, нивната улога беше заменета од селанските, полу-доучени, стаљинистилки, псеудо-комунистички и прикриено шовинистички кадри од српската комунистичка партија кои го инсталираа анти-албанството, анти-бугарството но и новата школа на србофилија преку регрутирање и промоција на македонскиот талог и елиминација на автентичните ликови на македонскиот комунизам. Следствено, за очекување беше да новите “наши мали послушни македонци од поверења” се истакнат во докажување на србопоклонството преку прогон на албанците, бугарите, но и либералните срби, македонци и други.

Со тек на времето, таа послушничка каста стануваше се поагресивна – во чекор со подемот на агресивноста на Србија – повулгарна и детерминирана за целосно адаптација на македонството според тековните српски-политички параметри. А тоа подразбираше и презир кон Џинџиќ поголем од оној во Белград и на иста рамка како во Република Српска. Но како што низ македонија се случуваа промени, така и улогата на белградските-македонци доаѓаше под критична обсервација. За да не должам, таа еволуција на демократијата и деволуција на српските кадри во Македонија денес резултира да српското колонијално влијание спадне на нивото на живаљевиќ групацијата новинари, на Тито Петковски, на Најчевска, Куновска, Максим Димитриевски, Оливер Спасовски како олицетворениа на српскиот шунд, кич и вулграност против кој денес се протестира во Белград а се брани во Скопје, Куманово, Тетово. Проблемот со таквата одбрана е сепак што Македонските србољуби во Македонија се поголеми негатори и непријатели на осовремувањето на Србија од самите срби во Србија, бидејќи во тој отклон на србија од сопствените мината, овдешните србофили од македонскиот кампус препознаваат и отклон од инструментите низ кои србија владееше врз нив, а тие врз Македонија. А тие инструментие се жандармеријата, удбаштвото, сид-овштината и шутурковски-економијата. Тоа е и причината зошто иако популрен, Вучиќ никогаш нема да биде популарен кај популистуичката србофилија како што беше Милошевиќ, и зошто Дачиќ ќе остане мајка на македонската социал-демократија дури и кога ќе падне од политичката сцена во Србија.

Србофилијата во Македонија е искривено огледало на југо-носталгијата базирана врз насилство на службите и “кратење на нозете” на другите за да се обезбеди фиктивна супремација на образовната, културна инфериорност. Србофилијата во Македонија е анти-теза на српската современост, на српскиот либерален дух и белградската метрополичност. Следствено, во овој дефанзивен момент, србофилијата во Македонија отсликана низ наведените ликови е прецизен индикатор за ерозијата на Белградката империјална матрица отсликана низ дегенерацијата која се случува во колониите, конкретно во Македонија. Во таа србофилија на овие ликови нема искрена љубов за Србија, туку само желба да се сочува старата нарација поради сопствени приватни и клановски интереси – дури и ако е на штета на самите срби, како што покажува примерот со улогата на Ахмети во обезбедување образование на српски јазик спротивно на интересите на Максим, на Оливер, Петковски итн.

Овие ликови ја сакаат Србија и србите се додека се огладала на сопствената омраза и загноено, свенато лице. Истите ликови ја мразат Србија и србите секогаш кога во нив препознаваат и трунка на современост и прогресивност. Овие ликови не ја бранат Србија, не го браната српството – туку сопствената инфериронос, својата семејна генеологија на сервилно ропство. На овие ликови се должи чувството на изолираност, на отфрленост на Македонија, на нејзина маргинализација во регионални и пошироки размери. Нивната пакосна саможивост за зачувување на сопствената – изгубена – битност во диктирање на параметрите на македонството и Македонија резултира во дискретно (но со гримаси на гадење) дистанцирање и бег од дијалог со ликови полни со омраза и имплексионирани со инфериорност наследена од сопствените “домашни ропски” родители и дедовштини. А колу станаа губави, токсични, тифусични, колерични, лепрозни и пред се досадни во односите со Србија се докажува токму низ нивната прикриена мака, сиклет, јад, чемер дека “мамето нивно, и Вучиќ ни го земаја шиптарите”.

Слични Објави