| |

МАЛИШЕВА ОД ЌЕЛИЈАТА ВО ИДРИЗОВО: НЕ НИ БЕШЕ ЗА ПАРИ, НАСЕДНАВМЕ НА НАЦИОНАЛИСТИЧКАТА РЕТОРИКА НА АЛИ АХМЕТИ

Кумановската група не зема пари за терористичкиот акт, нема два милиона евра како што се зборува, туку наседнавме на националистичка реторика на Али Ахмети. Тоа беше стапица на Ахмети, Тачи, Груевски, вели Мухамед Красниќи, познат и како Малишева кој за албанската емисија „Топ стори” од својата ќелија во Идризово раскажува за борбите со македонската полиција во кумановската населба Диво Насеље на 9 мај 2015 година, јавува Мкд.мк.


„Али Ахмети беше на власт во тоа време. Ако ги земете нивните изјави, Тачи, Ахмети, Груевски, нивните потези, јасно е дека тие го организираа насилството за да не стават во стапица, го злоупотребија нашиот патриотизам“, вели поранешниот член на ОВК.

Ние сме искусна гру, вели Малишева, и ако ни беше за пари тоа можевме да го сториме на многу полесен начин. „Нашата група од 40-ина членови можеше да ограби било која банка во регионот и да земеме многу повеќе пари на многу посигурен начин. Нема такви докази. И на судењата никој никогаш не спомена пари. Ние сме страдалници. Знам од каде потекнува предавството и кој му служеше на предавството. Ќе дојде време кога ќе ги откриеме имињата“, вели Красниќи во документарецот на албанската телевизиска станица.

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави