МАНДАРИНИТЕ ЧУВААТ ОД НЕКОЛКУ ПОДМОЛНИ БОЛЕСТИ

Мандарините се сочни, вкусни и ароматични овошја кои ни даваат многу свежо и позитивно расположение. Тие исто така се и многу здрави.

Етеричното масло од мандарини го смирува нервниот систем кој при секоја дама е доста чувствителен, ја тонизира кожата, го намалува крвниот притисок, ја подобрува циркулацијата, го нормализира варењето на храната, помагаат да се ослободиме од вишокот килограми, го регулира метаболизмот и го зајакнува имунитетот.

Мандарините имаат многу витамини – C, D и К. Секојдневната употреба на ова овошје ќе им помогне на луѓето кои страдаат од дебело црево и стомачни заболувања. Тие помагаат во борбата против дијареата, борбата против бронхитисот, дури ја симнуваат и високата температура.

За лечење на бронхитис и настинка се препорачува да се земе лушпа од кора на мандарина. Потопете ја кората во 40 ml. врела вода околу 2 часа. Потоа пијте го сокот 4 пати на ден.

Свеж сок од мандарина ќе ја ослободи вашата кожа од габичните заболувања.

Мандарините содржат импресивна количина на калциум и фосфор што им се потребни на коските. Магнезиумот во нив го смирува нервниот систем. Ова овошје го намалува ризикот од цироза, дијабетес и ги спречува болестите на кардиоваскуларниот систем.