Марез во депресија и бесен: Никогаш повеќе нема да играм за Лестер!

/

Лестер не сакаше го пушти Ријад Марез во Манчестер Сити. Бесниот Марез ќе мора на разговор со управата откако се закани дека повеќе нема никогаш да игра за овој клуб бидејќи не го пуштил Лестер да направи трансфер во Манчестер Сити.

„Падна во депресија поради се што му се случуваше во последните неколку денови. Не ја разбира политиката на клубот, ова е веќе четврти преоден рок во кој Лестер не го пушти. Беше толку бесен што кажа дека повеќе никогаш нема да игра за нив“ откри пријател фудбалерот за англиските медиуми.

Гвардиола го посакуваше, понуди 65 милиони фунти, но Лестер бараше 95 милиони…



„Би заработиле 59 милиони фунти и би ја исполниле желбата на човекот кој пред неколку години им ја донесе титулата. Силно сакаше да соработува со Гвардиола“, продолжи пријателот на Лестер за медиуми во Англија.

Извор: Sportski.mk

Претходна статија

Од вечер во 20 часот се укинува бесплатниот автобуски превоз

Следна статија

Договорено: Талентираниот вардарец како слободен фудбалер ќе ја засили Ријека

Најново од Вести