Маричиќ: Нормално е да има проблеми кога прв пат на ваков начин спроведуваме попис

/

Министерот за правда Бојан Маричиќ вели дека е нормално да има одредени технички проблеми во голема статистичка операција како што е пописот, кој за прв пат нашата земја го спроведува без хартија, односно преку апликација и современи технологии.

„Првпат спроведуваме попис без хартија и со таблети коишто во исто време 5.000 попишувачи внесуваат податоци. Нормално е кога за првпат правите нешто, кога за првпат е креирана таква аплликација и таков систем да се јават и технички проблеми. Тоа се случувало и во други држави, во Италија, и во други да не ги споменувам, имало поголеми застои, но пописот продолжува“, истакна министерот Маричиќ.

Тој исто така наведе дека со сите тие технички проблеми, хакерски упади, со помош на тимот на ДЗС, компаниите коишто ја спроведуваат апликацијата, МВР и Телеком со заеднички сили успеале да ги решат сите проблеми.



– Колку што знам стратегијата на попишувачите е да бидат упорни до крај. Мислам дека имавме случаи кога граѓани коишто на почетокот одбиле, подоцна се попишале и увиделе дека операцијата тече добро, трае кратко, безбедно и по протоколи, рече Маричиќ.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

Немаме ниту студија за брзи возови, а доцнат и актуелните проекти

Следна статија

Одбележуваме 82 години од раѓањето на големиот македонски Бугарин Јован Стојановски-Рибарот

Најново од Вести