Маричиќ: Потребен е консензус за промена на изборниот модел

/

Министерот за правда Бојан Маричиќ на денешниот настан на ЦИВИЛ изрази лично задоволство од конструктивноста на политичките субјекти и од досегашниот постиганат начелен договор за имплементација на препораките на ОБСЕ и ОДИХР, но дека дополнителнително останува да се дефинира самиот изборен модел.

,,Партиите ќе мора да продолжат и периодот после изборите, уште поинтензивно и конструктивно да пристапуваат кон ова прашање, бидејќи е од особено значење за државата, но првенствено за самите граѓани” – порача Маричиќ.

Поголемиот дел од измените на Изборниот законик на кои се работеше изминатиот период, според препораките на ОБСЕ/ОДИХР, беа во делот на водење на избирачкиот список, начинот на кандидирање, финансирање на изборна кампања и заштита на избирачкото право.

Што се однесува околу самиот изборен модел, Маричиќ истакна дека ставот на Владината коалиција е членовите на општинските совети да се бираат преку отворени листи. На овој начин граѓаните ќе имаат можност да гласаат повеќе за личност отколку за партија, што ќе биде дополнителна вредност и мотив партиите да кандидираат луѓе со кредибилитет во општеството, односно ќе можат најсоодветно и најквалитетно да одговорат на обврските во советите.



Министерот за правда уште еднаш потенцираше дека Изборниот законик се менува со консензус и од таа пракса нема отстапување.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

Османи го прифаќа апелот на Пендаровски: Соработката со САД треба да се прошири

Следна статија

Спасовски: МВР продолжува со подобрување на условите за работа во полициските станици

Најново од Вести