|

Маричиќ: Со заеднички напори можеме да успееме и да добиеме полноправно членство во ЕУ до 2030

Скрининг-извештајот е мошне важен поради тоа што служи како водич во подготовката на трите патокази за владеење на правото, реформа на јавната администрација и функционирање на демократските институции, како и акцискиот план за малцинствата, истакна вицепремиерот Бојан Маричиќ на денешната јавна расправа при комисијата за европски прашања.

Тоа, рече Маричиќ, ни овозможува до крајот на годината, уште за време на шпанското претседателство, да го отвориме Кластерот 1, „Фундаментални вредности“.

„Европската комисија побара овој документ да ги одразува политичката посветеност и визијата на Владата за спроведување на неопходните реформи во соодветните области, односно поглавјата 23 и 24, односно ‘Судство и фундаментални права’ и ‘Правда, слобода и безбедност’. За да се обезбеди инклузивност и транспарентност, Секретаријатот за европски прашања иницира консултации и со граѓанските организации, организиравме состанок на кој тимот на СЕП ги презентира патоказите и ги покани граѓанските организации да ги достават своите предлози“, рече Маричиќ.

Тој нагласи дека оценската мисија на ЕУ за Судскиот совет дошла навремено ако се има предвид дека во овој момент е во подготвка патоказот за владеење на правото за севкупно подобро работење на судството. Препораките од извештајот ќе бидат земени предвид и соодветно адресирани, нагласи вицепремиерот.

Според него, исклучително важно за развојот на националната стратегија за владеење на правото е вклучување на сите политички субјекти, политичките партии, пратениците, Владата, како и обвинителите, судиите, членовите на јавните институции, Судскиот совет, Академијата, невладиниот сектор.



Слични Објави