МАРИН ЛЕ ПЕН: ЕУ Е ПРВАТА ЖРТВА НА КОРОНАВИРУСОТ

/

Европската Унија е технократска организација, потполно одвоена од народот и исклучена од негоите главни грижи, изјави во интервју за „Вечерње новости“ претседателката на француската партија Национален собир, Марин ле Пен.

„Како бирократска творба, ЕУ е опседната со примената на своите недопирливи догми. И додека пандемијата ги погаѓаше една по друга европските земји, кога со право очекувавме реакција и мобилизација на Европската комисија, таа дискретно го спроведуваше процесот на проширување во корист на Албанија и на Македонија“, вели Ле Пен.

Според неа, кризите се често показател, ја откриваат состојбата на духот на луѓето, но и на институциите. Кризата низ која во моментот поминуваме не е исклучок од тоа правило.

„Во овие трагични моменти, од нациите и народите пристигнуваат солидарност и сочувство. Никому не му е ни потребна интервенција на бриселската технократија за префрлање на француските пациенти во соседните земји или кога Белград се осветлува во боите на Франција како знак на пријателство и поддршка во борбата против Ковид-19.“



Ле Пен жестоко ја критикуваше ЕУ.

„Европската Унија со неспособноста и неподготвеноста да ги заштити граѓаните на своите земји членки стана прва жртва на коронавирусот. Оваа политичка организација, која ја пртставија како штит зад кој државите ќе можат да се засолнат, ниту знаеше ниту можеше да реагира и координира ни со најмала, ефиканска акција за да ја спречи епидемијата.

Извор: Макфакс

Претходна статија

СЕ ПРЕДЛАГА ПРОМЕНА НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС, ДВИЖЕЊЕТО НА МЛАДИТЕ И ВОЗРАСНИТЕ, КАКО И ЗА ВИКЕНД, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

Следна статија

ОД ДЕНЕСКА ТЕСТИРАЊА ЗА КОВИД-19 И ВО ЛАБОРАТОРИЈАТА ВО МАНУ

Најново од Вести