Маска од мед и јогурт за лице против акни
Оваа маска не ја суши кожата и може да се употребува за сите типови на кожа.
1 мала лажичка мед
1 мала лажичка јогурт
Ставете го медот во сад и затоплете го во микробранова печка за да стане течен. Потоа додадете го јогуртот и добро промешајте. Нанесете ја смесата на лицето, ставајќи повеќе на местата засегнати од акни. Оставете ја да делува 15-20 минути, а потоа измијте со топла вода.