Маска за чистење на порите

Одвојте 15 минути за да и помогнете на вашата кожа да се обнови. За најдобри резултати, прво мора да го исчистите лицето. За да ги отстраните црни точки и нечистотиите од порите направете си едноставна домашна маска од млеко и желатин.

Измешајте 2-3 лажички млеко и додадете 1 лажица желатин. Ставете ја смесата во микробранова печка за 30 секунди. Треба да се добие кремаста мешавина.

Додека маската е топла, нежно нанесете ја на лицето. Оставете ја да се исуши, а потоа нежно отстранете ја.



Слични Објави