Матис: Асад ќе направи грешка, ако ги нападне Курдите

//

„Ќе биде грешка ако сирискиот претседател Башар Асад започне воена кампања против сириските Курди источно од реката Еуфрат“,  предупреди американскиот секретар за одбрана и поранешен генерал Џејмс Матис, познат по прекарот The Whipped Dog. Матис го даде овој краток коментар по силно непријателската реторика на Асад, кој ги нарече Курдите „предавници кои работат за туѓа држава“.  Веднаш по изјавата на Асад од страна на Сириските демократски сили следеше следниот  одговор: “Режимот на Асад е оној кој ги отвори широко границите на Сирија за странски терористи кои доаѓаат од целиот свет”. Покрај тоа, Сириските демократски сили го обвинија Асад дека за да го зачува режимот, намерно ослободил голем број опасни исламисти кои имале задача да ја “пролеваат крвта на сите Сиријци”.



Претходна статија

Рускиот Врховен суд ја потврди одлуката на Изборната комисија- Навални не може да биде кандидат за председател

Следна статија

ВИДЕО: Новогодишно обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-нот Христијан Мицкоски

Најново од Вести