|

Медицинскиот персонал заминува од земјава, здравствените институции се соочуваат со недостиг на кадар

Со заминувањето на медицинскиот персонал, многу здравствени установи останаа без доволно кадар. Според статистиките, во земјава имаме 270 лекари на 100 илјади жители, што е за 22% помалку од европскиот просек, пишува ТВ 21.

Во последните 10 години, секоја година си заминувале околу 200 лекари, број кој е еднаков со годишниот просек на студентите кои завршуваат студии по медицина, што значи дека – колку нови лекари дипломираат, толку лекари ја напуштаат земјава на годишно ниво. „Бегањето“ на лекарите на Запад, заминувањето на лекарите од помал град на клиниките во Скопје, како и приклучувањето на лекарите во политика, придонесе да се затворат бројни одделенија низ болниците. Неодамна во Охрид се затвори Одделот за педијатрија, поради недостиг на педијатри.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави