МЕДИТАЦИЈА – НОВИОТ НАЧИН НА ЖИВОТ
Пред дваесет години во нашата земја медитираа поединици. Мистериозниот збор – медитација асоцираше со будистички монах седнат во лотос позиција со смири и спокоен став. Денес пак луѓето медитираат без разлика на статусот или позицијата во општеството, од домаќинки до инжењери и политичари – сите медитираат. Да, тоа е така, само никој не зборува за ова. Во Сингапур, дури и на аеродромите има посебна соби за медитација. Тука овој феномен се уште не го достигнал таковиот публицитет за да се направи нешто слично.
Која е причината што медитацијата постепено влегува во нашиот живот. Одговорот е многу едноставен. Интензивниот развој на компјутерските технологии, а особено интернетот, доведе до фактот дека секој човек може да добие без претерување, било каква информација.
Развојот на технологијата доведе до тоа темпото на модерниот живот да се зголемува се повеќе и повеќе. Секој ден добиваме многу информации, успеваме да направиме многу работи, што многу од нашите предци за една недела не би успеале да ги направат. Таквото високо темпо на живот генерира многу тензија и физичка и морална и поради ова многу луѓе страдаат периодично од стрес и депресија.
И тука, медитацијата доаѓа на помош. Во потрага по било каков достапен начин за да си помогнат, луѓето доаѓаат до медитацијата. Потоа, можеби дури и на шега започнуваат да ја практикуваат. А потоа тие почнуваат да го чувствуваат резултатот. Се разбира, сакаат се повеќе и повеќе да дознаат за оваа практика. И на тој начин медитацијата полека влегува во нивните животи.
Друго многу важно својство за таквата остра популарност на оваа пракса се нејзините карактеристични свостојби во кои „не внесува“ за разлика од обичната релаксација и одмор. Кога некој медитира, тој не само што го исклучува мозокот и телото, во тој момент „нешто“ се случува на него. Во умот се случуваат одредени трансформации. Тие пак, доведуваат до целосна трансформација на човечкиот живот.
Духовното искуство, кое е потреба на секого, постепено се задоволува со секоја нова сесија на медитација. Чувство дека се допирате до нешто поголемо од себе, поважно, чувството дека сте дел од овој огромен свет, а она што се случува со вас има одек таму некаде во универзумот е бесценето. После практикување медитација за кратко време почнувате да се однесувате поинаку. Вашите дејства и мисли се менуваат. Ги надминувате себичните импулси и почнувате да живее. „Непотребното“ постепено исчезнува, а за возврат доаѓа вистинско чувство на слобода.
Ако сè што е напишано погоре не го разбирате во целост, не очајувајте, само обидете се! Ако го читате овој напис, тогаш вие веќе сте на вистинскиот пат. Останува само да седнете во удобна положба да ги затворите очите,длабоко да вдишете и да се опуштите. Можеби за една недела, еден месец, една година, но направете го ова. Ви посакуваме среќа!
