| |

МЕПСО СЕ ЈАВИ: ФРИЗЕРКАТА НА КИРАЦ Е ВРАБОТЕНА КАКО ХИГИЕНИЧАРКА

МЕПСО реагираше во врска со информациите што се појавија на социјалните мрежи дека фризерката на генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски е вработена во компанијата за плата од 43.900 денари. Од МЕПСО информираат дека лицето П.К. е вработено на работно место хигиеничарка, со плата од 19.200 денари. Работниот однос е заснован согласно со огласот за вработување објавен на 16 јули. Според огласот на МЕПСО се бара 1 (еден) извршител на работното место хигиеничар во Работилница, во служба за одржување на ТС, Оддел за ТС, Подружница ОПМ со основно образование – I степен основно училиште, без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 19.200,00 денари.

Слични Објави