МЕРКЕЛ И МОДИ РАЗГОВАРАА ЗА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ И ТРГОВИЈАТА

Германската канцеларка Ангела Меркел и индискиот премиер Нарендра Моди денеска се договорија двете држави да ја подобрат соработката во борбата против климатските промени, сајбер-безбедноста, развој на вештини, вештачка интелигенција, енергетската безбедност, цивилното воздухопловство и производството на одбрана.

За време на средбата беа потпишани и неколку договори, пренесува АП.

Моди рече дека Индија се обидува да оствари профит, додека Меркел за време на средбата рече дека нејзината земја би сакала да соработува со Индија за инфраструктурни проекти, водоснабдување и третман на отпад.

Во германската делегација беа и неколку министри и државни секретари, како и претставници на деловниот сектор.

За Германија се вели дека е најголемиот трговски партнер на Индија во Европа.

Извор: Макфакс