Меркел и Шулц на чекор од договор за составување на нова влада

//

Конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел и социјалдемократите поминаа околу 95% од патот за постигнување договор за составување на владејачка коалиција. Ова го објави преговарач од страна на Германската социјалдемократска партија (СПД), додавајќи меѓутоа дека договорот нема да биде “ремек-дело”, пишува “Ројтерс”.

Преговарачите од двата блока се разбраа доцна синоќа дека е потребно повеќе време за да се постигне договор за обновување на т. Нар. “Голема коалиција”, која управува со Германија од 2013 година, и одлучија денеска да продолжат со разговорите, кои првично се очекуваше да завршат во неделата, во седиштето на партијата на Меркел во Берлин.
“Мислам дека постигнавме договор за 90-95 отсто од преговарачките теми, но останатите 5 отсто се многу важни”, рече социјалдемократите Карст Шнајдер, додавајќи дека се надева дека може да се постигне договор.

“Договорот нема да биде ремек-дело, но тоа ќе функционира следните 3 ипол години”, рече Шнајдер.



СПД се обидува да направи отстапки во политиките за здравство и вработувањата, од своја страна Меркел коментира дека нејзините конзервативци се подготвени да направат болни отстапки за да биде потпишан коалициониот договор со социјалдемократите за да го изнесе Германија од политичкиот ќор-сокак.

Претходна статија

Театарот за деца и младинци ќе одбележи две децении од „Убавицата и ѕверот“

Следна статија

Стипендии за летни школи по чешки јазик 2018

Најново од Вести