МИЦЕВСКИ: ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ ВО СОБРАНИЕТО И ЌЕ ОБЕЗБЕДАТ КВОРУМ ЗА ПЕТТИОТ ПАКЕТ МЕРКИ

//

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска се во Собранието и ќе обезбедат кворум за 36. седница за гласање на петтиот пакет мерки за помош на стопанството и граѓаните, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на прес-конференцијата, што се одржа во пресрет на 36-тата седница, што претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа за денеска, а на која треба да се изгласаат трите закони поврзани со петтиот пакет мерки, јавува порталот Зоом.

Според Мицевски владејачкото мнозинство работи на штета на граѓаните и економијата во време на пандемија.

-Петтиот пакет мерки трпи поради тврдоглавоста на власта. Пакетот ќе беше изгласан уште во четвртокот доколку не беше инаетот на власта, а сега компаниите и граѓаните ќе ги имаа обезбедено средствата, рече Мицевски.

Според него Џафери и Заев намерно ги кочат мерките. Истакна дека петтиот пакет мерки поминал на Седница на Владата на 16 февруари, а во Собрание пристигнал на 19 февруари.



-Заев имаше кворум кога сам бараше доверба за Влада и можеше да ги изгласа мерките, но тој не го стори тоа. Заев сам ги кочи работите, а потоа ги обвинува другите дека ја кочат работата, додава пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Целиот напис прочитајте го овде.

Претходна статија

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИВ ТРИ ЛИЦА ЗА НЕЗАКОНСКО ПРОШИРУВАЊЕ ПАРЦЕЛА ВО ОХРИД

Следна статија

(ВИДЕО) СДММ ПОДНЕСУВА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАН СТУДЕНТСКИ ОБРОК

Најново од Вести