|

Мицкоски: Да се обединиме против корумпираните политичари и анти ДУИ – СДСМ фронт

Денес на денешната обука на тема „Политички кампањи и целите на женските организации” организирана од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и фондацијата „Jarl Hjalmarson“ свое обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски.

Мицкоски потсети дека ВМРО-ДПМНЕ поддржа и жена кандидат за градоначалник на град Скопје. Арсовска успеа и победи на локалните избори, и сега главниот град има жена градоначалник.

Мицкоски во текот на своето обраќање рече дека денес во Македонија има корумпирани политичари кои што поддржуваа политичари кои што за жал ја заробија државата. Политичари кои што на милитантен начин тоа што не им успеа пред неколку децении сега им успева од внатре од системот да ги уриваат институциите. Вработените во тие институции кои што тие ги водат се целосно демотивирани. Тие институции немаат дисциплина, комплетно се финансиски и материјално се уништени, заробени од страна на претставниците на власта.

„За суштинските прашања кои што денеска се главен предизвик за Македонија и за граѓаните во Македонија без разлика на нивната етничка припадност главните би рекол промотори или главните експоненти на власта се претставниците на ДУИ. Кога станува збор за економијата, кога станува збор за енергетиката кои што се главен предизвик тука се Крешник или Фатмир. Кога станува збор за национални теми, кога станува збор за евроинтегративниот процес тука се Али, Артан и Бујар. Но, кога станува збор за притисок и мобинг врз ВМРО-ДПМНЕ, врз македонскиот народ тука се Оливер, Вилма, Љупчо и останатите. Од прилика таа е реалноста во која што ние живееме“, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека поради тоа треба да се даде се од себе за да таа реалност се промени, за да може Македонија да тргне напред. А, граѓаните во Македонија да можат да се чувствуваат сигурни во сопствената држава без разлика на нивната етничка припадност.

„Ние треба да креираме фронт и да се обединиме против корумпираните политичари и анти ДУИ – СДСМ фронт, ако сакаме да имаме современа држава, држава која што ќе ги следи современите текови на дигитализација, на вештачка интелигенција и вистинска зелена агенда“, порача Мицкоски.

Извор: zoom.mk

Слични Објави