| |

МИЦКОСКИ ДО ЗАЕВ : НАМЕСТО ДА СЕ КРИЕШ, АЈДЕ ДА ИЗЛЕЗЕМЕ НА ТВ ДУЕЛ ДА ЗБОРИМЕ ЗА ДОГОВОРОТ И ЗА КРИМИНАЛНИТЕ АФЕРИ КОИ СЕ СЛУЧУВААТ СЕКОЈ ДЕН

Во своето гостување на телевизија Алфа, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски уште еднаш го повика премиерот Зоран Заев да се охрабри и да се појави на дебата со него, за да како што вели, се дебатира за содржината на референдумското прашање и за содржината на договорот и последиците кои тој ги носи за Македонија и македонските граѓани.

Мицкоски покрај за овие две актуелни прашања, напомена дека доколку Заев ја прифати дебата ќе ги отвори и прашањата за криминалите и аферите на власта, но и за нереализираните предизборни ветувања на СДСМ.

-Ја користам еве оваа прилика, уште еднашка да ја реафирмирам поканата до господинот Зоран Заев да излеземе на телевизија пред јавноста, пред граѓаните за заеднички уште еднашка да дебатираме за содржината на референдумското прашање, за содржината на договорот и за сите последици кои што евентуално би се случиле ако овој договор стане ефективен. Но и за сите оние криминали, афери, за сите они порази, за сите оние омаловажувања, понижувања кои што ги доживува македонската нација и граѓаните на Република Македонија веќе една и половина година откако СДСМ еве ја превзема власта во Република Македонија. Знаете какви се имаа ветувања, знаете какви се очекувања поткренаа кај граѓаните. За жал не само што не успеаа да ги исполнат туку напротив и сите оние проблеми кои што се присутни во реалниот живот на граѓаните ги продлабочи, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични Објави