Мицкоски оствари средба со германската министерка за Европа, Ана Лирман

/

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски, меѓународниот секретар Тимчо Муцунски и меѓународниот секретар на Унијата на жените, Марија Митева, оствари средба со германската министерка за Европа, Ана Лирман.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и за предизвиците на Македонија во процесот на европската интеграција.

Претседателот Мицкоски ја истакна својата загриженост за, како што рече, добиените извештаи на релевантни меѓународни организации, во кои преовладува укажување за постоење високо ниво на корупција. Тие ја информираа Лирман дека процесот на европската интеграција мора да биде воден низ процес на вистински реформи, кои примарно треба да се фокусираат на реформа на правосудството, владеењето на правото и справување со високото ниво на корупција.

Воедно, Мицкоски ја истакна потребата што ја има Македонија што побргу да ги почне преговорите со ЕУ заблагодарувајќи се на големата поддршка што Македонија ја добива од страна на Германија, но истовремено потенцира и дека независно од пристапниот процес недостигаат вистински чекори на патот на реформите.Мицкоски оствари средба со германската министерка за Европа, Ана Лирман
јануари 17, 2022 во 17:25 6

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски, меѓународниот секретар Тимчо Муцунски и меѓународниот секретар на Унијата на жените, Марија Митева, оствари средба со германската министерка за Европа, Ана Лирман.



На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и за предизвиците на Македонија во процесот на европската интеграција.

Претседателот Мицкоски ја истакна својата загриженост за, како што рече, добиените извештаи на релевантни меѓународни организации, во кои преовладува укажување за постоење високо ниво на корупција. Тие ја информираа Лирман дека процесот на европската интеграција мора да биде воден низ процес на вистински реформи, кои примарно треба да се фокусираат на реформа на правосудството, владеењето на правото и справување со високото ниво на корупција.

Воедно, Мицкоски ја истакна потребата што ја има Македонија што побргу да ги почне преговорите со ЕУ заблагодарувајќи се на големата поддршка што Македонија ја добива од страна на Германија, но истовремено потенцира и дека независно од пристапниот процес недостигаат вистински чекори на патот на реформите.



Претходна статија

Маричиќ: Не е на Северна Македонија да кажува каде и какво малцинство има во регионот

Следна статија

Сали: Приоритет ќе ми биде превенцијата и еднаквиот пристап до квалитетни здравствени услуги

Најново од Вести