Мицкоски: Пред 45 дена Филипче нѐ убедуваше дека овој период ќе се прогласи победа над епидемијата, а денеска имаме 588 заболени и 8 починати

/

Христијан Мицкоски на својот „Фејсбук“ објави статус по повод најновата ситуација со коронавирусот. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ напиша дека Филипче најавил крај на епидемијата во август или септември, а денеска имаме голем раст на новозаразени и на починати.

„Пред 45 дена не убедуваше по петти пат дека во август или најдоцна на почетокот на септември ќе прогласеле победа над епидемијата, а денес имаме нови 588 заболени и 8 починати.

Трчаа по провизии од сомнителни азиски посредници и наместо да се борат да обезбедат вакцина плус тие нудат мерки како во времето на средината од 20тиот век.



Го поделија народот за пусти пари и власт. Новиот пакет на анти ковид мерки го дели народот и не помага. Прашуваат што треба: треба систем кој подразбира системски чекори. Она што го имаме денес е справување со последиците од немањето систем. За жал тоа и овој пат се плаќа со човечки животи…Одговорност ќе има…, затоа за нешто повеќе од 2 месеци граѓаните одлучуваат дали оваа неспособност, безидејност, криминал, корупција, срам и понижувања ќе продолжат или нови луѓе со нова енергија, знаење и цели ќе ја вратат Македонија на победничките патеки“, напиша Мицкоски.

Претходна статија

Невреме со град во Делчево

Следна статија

Кривична пријава против прилепчанец за предизвикување пожар во селото Дабница

Најново од Вести