МИХТАРИЈАН НЕМА ДА НАСТАПИ ПРОТИВ ЧЕЛСИ ВО ФИНАЛЕТО ОД ЛЕ

Финалето во Лига Европа (ЛЕ) се гра во Баку идната недела меѓу Арсенал и Челси, но тоа создаде голем проблем за „топчиите“, кои нема да може да сметаат на Хенрик Михтаријан поради политички причини, односно лошиот однос на Азербејџан и Ерменија.

Михтаријан во групната фаза го пропушти мечот во Баку против Карабаг, зашто не смееше да патува во земјата, кадешто најверојатно ќе беше уапсен.

Арсенал овојпат реши да ја вклучи УЕФА и да му обезбеди престој на фудбалерот во Баку, но тоа не успеаа да го направат. Лондонскиот клуб денеска официјално соопшти дека Михтаријан нема да патува во Азербејџан.

„Многу сме разочарани што мора да соопштиме дека Михтаријан нема да патува со екипата во Азербејџан на финалето во Лига Европа против Челси“, објави Арсенал.

Извор: Спорт1

Слични Објави