Мијалков не добил уредна покана- судењето за „Тортура“ одложено
Судењето за предметот на СЈО „Тортура“ е одложено за 7-ми мај бидејќи на денешното рочиште не дојде поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој е обвинет, јавува МРТ. Во Судот, како што беше кажано, не е добиен доказ за уредна достава на покана за Мијаков за денешното рочиште. Обвинителите од СЈО побараа поканата на Мијалков да му се доставува во четвртоците, кога тој се пријавува во Кривичниот суд. Предметот „Тортура“ се однесува на начинот на лишување од слобода на лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, ден по предвремените парламентарни избори во 2011- та.