МИЛАНО ЌЕ ГО ПОВЛЕЧЕ ДРЕСОТ СО БРОЈ 11 НА ЛЕГЕНДАРНИОТ ДИНО МЕНЕГИН (ФОТО)

Дресот со број 11, кој го носеше легендарниот Дино Менегин, ќе замине во историјата на 19 ноември, пред почетокот на мечот меѓу Милано и Макаби.

За 11 години поминати во клубот од Милано (настапуваше од 1981 до 1990, а потоа и од 1993 до 1994), Менегин освои пет Скудета и два Купа на европските шампиони. Во 1970 година стана првиот Италијанец, кој беше драфтуван во НБА-лигата.

Во богата кариера има голем број трофеи, како и олимписки сребро од Москва, европско злато од Франција и два бронзени медали освоени во Германија и Југославија.

Извор: Спорт1



Претходна статија

СУДИЈАТА КОЈ ОД ВАР-СОБАТА МУ ПОНИШТИ ГОЛ НА АРСЕНАЛ НЕ СУДЕЛ ДОСЕГА ВО ПРЕМИЕРЛИГА!

Следна статија

ЈАЈА ТУРЕ ЈА ОБВИНИ ФИФА: НИШТО НЕ СЕ ПРЕЗЕМА ПРОТИВ РАСИЗМОТ!

Најново од Спорт