|

Милошоски: Ако Заев глуми хуманитарец нека смести 200 Авганистанци во хотел „Вила Парк“ во Струмица

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски го повика премиерот Зоран Заев, ако сака да глуми хуманитарец тогаш нека смести, како што вели, 200 бегалци од Авганистан во хотел „Вила Парк“ во Струмица.

-Заев не е способен во Македонија да им помогне ни на семејствата кои имаат лица со посебни потреби, не пак тоа да го прави за граѓани од трети земји, каде немаме ниту амбасада која би дала барем основни безбедносни податоци за бегалците. Македонија е меѓу посиромашните држави во Европа, и во оваа ескалација со Авганистан, добро е владата да укаже дека солидарноста треба да се демонстрира од страна најбогатите членки на Обединетите Нации, кои имаат и добар систем за образование и интеграција на бегалци. Ако Заев сепак сака да глуми хуманитарец, нека не го прави тоа на сметка на народниот буџет, туку нека даде личен пример и нека смести 200 бегалци од Авганистан во хотелот “Вила Парк” во Струмица, каде ќе им помогне финансиски преку веќе познатиот модел 1€ за Вицето, вели Милошоски.



Слични Објави