Митева: Ковачевски и Бучковски немаат легитимитет да преговараат со Бугарија
Ковачевски во духот на заевизмот очекува со премиерот на Бугарија да изгради пријателски однос, вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Таа додека дека додека бугарските медиуми предвидуваат дека средбата со Радев за Скопје ќе биде првиот тест за надворешната политика на новиот бугарски премиер Кирил Петков и за неговите односи со претседателот Радев, пиунот Ковачевски со иста реторика како неговиот ментор Заев продолжува да ги утврдува основите за натамошното преговарање, без притоа да каже јасен став или најмалку што може да направи, да ги осуди срамните изјави на бугарските политичари.
-За разлика од Македонија, Владата на Бугарија редовно ги брифира политичките субјекти со цел да бидат запознаени во однос на преговорите. Бучковски, како специјален претставник на Владата за преговорите со Бугарија пак вели дека ќе продолжи таму каде што застанале преговорите за пакетот 5 плус 1. За Бучковски излезно решение од проблемот е новата стратегија што ја нуди Бугарија што е доволен показател во која насока ќе продолжат уривањата на македонските позиции и покрај низата скандалозни потези и неостварени ветувања Бучковски нема кредибилитет ниту доверба за да продолжи да биде на чело на преговарачките процеси. Ковачевски нема легитимитет да преговара и да ги води процесите во спорот со Бугарија од причина што истиот не му е доделен од страна на народот, туку пренесен од Заев кој ја доведе Република Македонија во оваа катастрофална положба, вели Митева.