| |

МЛАДИТЕ ЛЕКАРИ И СЕСТРИ ВO СРЕДА ПРОТЕСТ

Лекарите и другиот здравствен персонал најавија протест за вo среда откако во изминатите недели се случија неколку напади врз лекари и медицински сестри во повеќе здравствени установи во Македонија.

-Доста е! Стоп за насилството врз медицинарите“ – е мотото под кое здравствените работници в среда ќе протестираат на хелиодромот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Протестот го организира Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти, а присуство потврдиле и од Здружението на медицински сестри и акушерки.

Во вторник ќе се знае и на кои други места низ Македонија ќе има протест.



Слични Објави