МНР НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА ЈА ПОЗДРАВИ ПОКАНАТА НА НАТО ЗА МАКЕДОНИЈА
Ја поздравуваме одлуката од самитот на НАТО за почнување разговори со Република Македонија за приклучување кон Алијансата – се посочува во соопштението на бугарското МНР.
Во соопштението се вели уште дека Бугарија ќе продолжи да ја дава неопходната поддршка во духот на Договор за пријателство, добрососедство и соработка, што беше потпишан во 2017 година. ,
„Поканата кон Република Македонија е јасна потврда дека политиката на „отворени врати” на Алијансата останува актуелна и придонесува за сигурноста и стабилноста во евроатлантскиот простор“, се кажува во соопштението на МНР на Република Бугарија.

