МНР НЕМА ОФИЦИЈАЛНА ПОТВРДА ЗА ИНФОРМАЦИЈАТА ДЕКА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН Е УБИЕН ВО АВГАНИСТАН

//

МНР се уште нема добиено официјална потврда од авганистанските власти во врска со информацијата дека македонски државјанин е киднапиран и убиен на територија на Авганистан, изјавиле од Министерство за МИА.

Од МНР нагласиле дека вчера веднаш по појавувањето на информацијата испратиле барање за официјална потврда до авганистанските институции, а по добивањето на официјалната информација од МНР, ќе го известат Министерството за внатрешни работи.

Странски медиуми вчера претпладнето јавија дека три лица, од Македонија, Малезија и Индија, се киднапирани и убиени во главниот град на Авганистан, Кабул. Според портпаролот на началникот на полицијата во Кабул Хашмат Станекаи, нивните тела се пронајдени, а до нив биле и нивните лични карти. Портпаролот прецизира дека тројцата работеле во втората по големина компанија за храна и кетеринг во светот Содексо.

 





Претходна статија

20 ИДЕИ ЗА ПРЕКРАСЕН МАНИКИР ВО АВГУСТ (ФОТОГРАФИИ)

Следна статија

СИНОЌА ВО СКОПЈЕ ОПОЖАРЕНИ ДВЕ ВОЗИЛА

Најново од Вести