Модар домат со топено сирење и кашкавал

/

Состојки:
– 2 модри домати
– 2 домати
– 4 лажици маслиново масло
– сол
– 240 гр. топено сирење
– 150 гр. кашкавал
– 3 чешниња лук
– копар

Подготовка:
Исчистете ги модрите патлиџани и исечете ги на тркалца. Ставете ги во солена вода за да ја намалите горчината околу 15 минути. Исплакнете ги и исушете ги. Маринирајте ги со маслиново масло.

Испечете ги модрите домати. Излупете ги доматите и изрендајте ги на ренде на големо.

На дното на тавата ставете 2-3 лажици маслиново масло. Посипете со ренданите домати. Потоа ставете ги модрите домати. На секое парче модар домат ставете топено сирење, потоа повторно модар домат. Печете на загреана рерна околу 20 минути. После 20 минути извадете ја тавата од рерна и посипете со рендан кашкавал. Вратете го јадењето во рерната се додека да се стопи кашкавалот. Кога ќе биде готово посипете го јадењето со толчен лук и копар.



 

На здравје!

Претходна статија

Инстаграм ќе известува за секој „screenshot“

Следна статија

Оман- исклучителна егзотика, традиционална арапска култура и мистицизам

Најново од Магазин