МОЈАТА ТАЖНА РАСКРСНИЦА НА ЖИВОТОТ

/

Како стигнав до тука сега ќе ви раскажам:
Бев релативно млада остварена млада жена на триесетина години кога одлучив да го напуштам животот во кој се гушев, кој ми создаваше притисок, кој едноставно не можев да го живеам или живеев туѓ живот незнам… Се пуштив низ патеката одев тешко, многу тешко, но со цврст став дека треба да издржам и со надеж на крајот дека ќе ме сретне сонце иако патот стануваше сѐ по трнлив, по неудобен полн со лаги, интриги и заблуди… Ништо од сѐ она што јас сум си го запишала и замислила во сопствениот ум…

После одење по сите тие камења, трња, жар и пепел, сретнав прекрасен човек и како многу уморна од сопствениот трнлив пат на раскрсницата на животот го фатив под рака и се упатив во неговиот живот. Уморна од сопствениот, неговиот ми се виде многу убав, сѐ беше беспрекорно бев опсипана со магично внимание, за прв пат после незнам колку време ми се јавија пеперутките во стомакот, бев среќна и многу задоволна од самата себе… Вљубена до уши… Во некои моменти не знаев што да правам со толку внимание, разговори по телефон, подароци, прекрасни вечери со свеќи, водење љубов на секое место каде и да се наоѓаме не мислејќи дали некој не видел… Сето ова за нас беше спој на емоции во тој момент, вулканот беше мал во споредба со нашиот оган…
Сѐ беше како бајка во која верува секоја една осамена жена… Си реков сепак бајките се вистинити и подолго време верував дека е така. Ги почувствував сите убавини од љубовта, бев навистина среќна, задоволна и исполнета во секоја смисла на зборот. Сѐ тоа се гледаше на моето лице, сите ја забележуваа мојата љубов, не знаев да си ја симнам насмевката од лицето, планиравме заедничка иднина, имавме исти погледи кон светот… Убавини… Додека еден ден не се разбудив од сонот и сфатив дека сѐ во што верував е лага, сѐ за што сонував и планирав е однапред смислено, сѐ што ми се случуваше е само бајка во која и малите деца не веруваат… Но зошто? Зошто? Не барав ништо невозможно, само малку вистинска љубов, малку внимание, малку време… И што добив?! Скршено срце, финансиски долг, изгубено време, разочарување, непријатели и… Си го продолжив патот оној истиот трнлив по кој тргнав… Иако сега и не толку трнлив бидејќи не ја чувствувам повеќе болката во душата… Сега повторно чекорам до новата раскрсница на која животот ме носи…
Изненадена и изневерена од човекот на кој некогаш „му бев“ сѐ… Зошто мораше да биде тоа така?

На крајот за некои заеднички пријатели останав многу добар пријател, за други голем непријател, за себе разочарана жена во пријателството, љубовта и довербата… Колку болно нели!



И уште колку ќе боли навистина не знам…

Автор: Фросина Китановска



Претходна статија

ЗОШТО СЕ УШТЕ Е БЛОКИРАН СООБРАЌАЈОТ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ?

Следна статија

ЗАПОЧНА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ПЕТРОВДЕНСКИТЕ КОНАЦИ“

Најново од Истакнато

Последниот атентатор (8)

Спомени на Крсто Петрушев (1913-2007) од Богданци, припадник на ВМРО, запишани од Владимир Перев. На почетокот