МОТОЦИКЛИСТ ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП
На 08.09.2019 во 14,00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Градско–Прилеп, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд фокус“, управувано од Ј.И.(30) од Радовиш, и мотоцикл „јамаха“ , управуван од Г.Т.(36) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Општата болница во Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
