МУСАКА СО ТИКВИЧКИ И ПЕЧУРКИ

Состојки:
– 1 кг. компир
– 3-4 тиквички
– 300 гр. маринирани печурки
– 100 гр. сирење
– 150 гр. кашкавал
– 2 лажици масло
– 2-3 чешниња лук
– копар
– свеж магдонос
– 3-4 домати
– сол – по вкус

Подготовка:
Тиквичките и компирите излупете ги и исечете ги на кругови, а потоа на мали коцки. Печурките исечете ги на ленти.

Во намачкана тава со масло ставете ги исечените компири, тиквички и печурки, и одозгора зачинете со сол, копар, магдонос и лук. Ставете околу 100 мл. вода и оставете го јадењето да се пече се додека не добие златна боја. Потоа посипете со рендано сирење и со рендан кашкавал. На крај ставете ги доматите кои сте ги исекле на кругови и повторно ставете го јадењето да се потпече. Кога кашкавалот ќе се растопи јадењето е готово.

На здравје!

 



Слични Објави