МЗЗПР БАРА КОВИД-19 ДА БИДЕ ПРИЗНАЕНО КАКО ПРОФЕСИОНАЛНО ЗАБОЛУВАЊЕ ЗА СИТЕ РАБОТНИ МЕСТА

/

Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) апелира на национално ниво да се иницира ревизија на Проценките на ризик на сите работни места каде што има опасност од заразување на вработени лица со новиот коронавирус.

Исто така, од Здружението сметаат дека заболувањето од Ковид-19 треба да биде признаено како професионално заболување за сите работни места и усогласено во Правилникот за листата на професионални болести.

„Имено, во Правилникот, во листата на професионални болести предизвикани од новиот коронавирус се опфатени лекарите и другиот медицински персонал, ветеринарскиот персонал и другиот помошен персонал вработен во болници, лекувалиште, амбуланти и други здравствени организации во врска со негата на луѓето или во врска со работата на секцирање на трупови или со заразни материјали, работи што ги врши персоналот на научно-медицински лаборатории при работа со заразни материјали и персоналот при работа за сузбивање и научно-истражување на заразни болести. МЗЗПР ја поздравува одлуката за дефинирање на КОВИД-19 како професионално заболување во нашата земја. Но, со ваквиот пристап се занемарува Законот за безбедност и здравје при работа и се дискриминираат останатите работници кои работат на други професии заради тоа што, иако аргументирано можат да бидат заразени од новиот коронавирус на работното место и да ја развијат КОВИД-19 болеста, истата нема да им биде признаена како професионално заболување“, велат од МЗЗПР.

Од таму истакнуваат дека со воведувањето на професионално заболување КОВИД-19 на сите заболени вработени ќе им следуваат следните законски можности: да имаат можност во полн износ од платата, отсуството од работното место да биде заведено како „професионално заболување”, а со тоа, во понатамошниот работен век, доколку се појават одредени компликации, истите да може да се утврдат од каде потекнуваат и да се придонесе за превенција, но и работникот да може да ги користи бенифитите на системот за лекување на последиците; по враќањето на работното место, вработените е неопходно веднаш да бидат упатени на насочени медицински прегледи, а со тоа да биде утврдена нивната преостаната работна способност.



За остварување на оваа цел МЗЗПР писмено се обратило до Владата, Министерството за труд и социјална политика, како и до Министерството за здравство.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ГЕРМАНИЈА ПАДНА ВО РЕЦЕСИЈА

Следна статија

МЗ: ДЕНЕСКА СЕ ОЗДРАВЕНИ 16 ПАЦИЕНТИ, ПОТВРДЕНИ 17 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ПОЧИНАТИ СЕ 2 ЛИЦА

Најново од Вести

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи