| |

НА АВТОПАТОТ КУМАНОВО – ТАБАНОВЦЕ ВО ВОЗИЛО ПРОНАЈДЕНИ МИГРАНТИ ОД ИРАК И ПАКИСТАН

Осум мигранти, двајца од Ирак и шест од Пакистан, се пронајдени во патничко возило со скопски регистарски ознаки на автопатот Куманово – Табановце, кај клучката за село Костурник.

Како што соопшти полицијата, случајот вчера во СВР Куманово го пријавила мобилна екипа на Царинската управа.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Слични Објави