|

„На чија сметка крстари Пецаков, градоначалникот на Охрид“, прашува СДСМ

„Градоначалниците на ДПМНЕ, за 2 години имаат нула резултати, но еден куп скандали. Последен е скандалот со егзотичното патување на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, од ДПМНЕ“, вели СДСМ.

„Додека Охрид тоне секој ден, Пецаков плови на егзотично крстарење заедно со секретарот на општина Охрид, но и други лица од неговиот Кабинет. Нема одговор колку пари чини ова егзотично патување и на чија сметка крстари Пецаков?

Молчи ДПМНЕ, молчи Мицкоски. Молкот значи одобрување од страна на Мицкоски.

Уште еднаш се потврдува дека во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија којашто 11 години исто вака скандалозно се однесуваше“, соопшти СДСМ.

Слични Објави