На хрватските евро монети ќе го има и Тесла

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска на прес конференција обелодени кои мотиви ќе бидат на хрватското евро.

– Секоја земја има можност на едната страна од монетата да има некој национален мотив. Се искристализираа следниве предлози. Мотив ќе биде шаховницата, и тоа на сите монети, потоа картата на Хрватска, куната, Никола Тесла и глаголицата. Шаховницата ќе биде подлога, потоа картата на Хрватска ќе биде на монетата од 2 евра, куната на 1 евро, Тесла на 50, 20 и на 10 центи и глаголицата на која ќе пишува ХР на 5, 2 и на 1 цент, открил Пленковиќ.

Тој вели дека идејата Тесла да биде на монета е предлог на граѓаните.

– Тоа за нас се многу важни симболи. Тесла влезе како предлог од граѓаните, влезе во петте најтесни предлози и го истисна Дубровник, кој исто така е важен, вели Пленковиќ.

Извор: zoom.mk



Слични Објави