На кого може да смета Русија во Европа?

///

Иако со незначајно мнозинство (само 56 отсто од гласовите), германските социјалдемократи го одобрија курсот на партиското раководство кон преговори за обновување на “големата коалиција” со ЦДУ на Меркел, што сигурно ќе им даде сепак можност да учествуваат во новиот владин кабинет. Тој треба да биде формиран до Велигден, кој западните христијани ќе го слават на 1 април.
Изборот природно крие многу подводни камења. Прво треба сите членови на Германската социјалдемократска партија (СПД) да го одобрат заклучниот коалиционен документ, кој се очекува да биде потпишан по стартот на преговорите за составување на новата федерална влада. Предвремениот (или вонредниот како што преферираат да го нарекуваат многумина коментатори) конгрес раководството на СПД вети подобри преговарачките позиции на партијата, иако лидерите на ЦДУ веќе го изгласаа конечниот коалиционен предлог од 28 страници, кој според нив ги регулира сите спорни прашања.
Социјалдемократите гледаат проблеми во здравството, пазарот на трудот и некои аспекти на миграционата политика. Ако судиме според реакцијата на Меркел по нивниот конгрес,  изгледа дека таа за разлика од лидерот на ЦСУ Хорст Зеехофер е подготвена да направи одредени промени во веќе одобрениот коалиционен документ.
Русија несомнено се прашува како да ја изгради својата политика со оглед на идниот германски кабинет. Прво, промените на владата во надворешната политика се очекува да бидат минимални. Самиот лидер на СПД Мартин Шулц објасни во ред интервјуа дека не би сакал да влезе во новиот кабинет и планира да се занимава со партиска активност. Министер за надворешни работи најверојатно ќе стане добро познатиот во Москва Зигмар Габриел. Дали Русија ќе има значајно место во спектарот на интереси на новата германска влада? Прашање  што нема лесен одговор. Во нацрт-договорот за новата коалиција, Русија се спомнува само еднаш (исто како и САД) меѓу предизвиците со кои се соочува Европа и, пред сè, Германија. Како што истакнува берлинскиот в. “Тагесшпигел”, „Русија игра значајна улога во светската политика ( и како економска сила), но ситуацијата во Украина ги оптоварува и денес политичките и економските односи со Кремљ“.
Весникот заклучува дека случувањата во Украина (и околу Украина), исто така, ќе ги одредат идните односи на Русија со Европа и Германија. Ова најверојатно ќе ја постави на дневен ред задачата за одржување на долгорочен прекин на огнот во Југоисточна Украина. Ова прашање беше дискутирано пред Нова Година во телефонскиот разговор меѓу Владимир Путин и Ангела Меркел.
Но, проблемот со спроведувањето на договорот од Минск, кој според Меркел, и според претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер очигледно е заслуга на германската политика, се уште не нашол на позитивно решение. Кремљ и Берлин се надеваат да влијаат врз позициите на Украина, Донбаската и Луганската републики со цел да постигнат барем минимален резултат во решавањето на конфликтот. Колку е можно ова во сегашните околности, особено во поглед на влијанието на американските интереси врз украинската позиција, останува нејасно.
Како што изгледа целосното спроведување на договорот од Минск ќе се одложи и тоа ќе влијае лошо врз односите меѓу двете земји. Најверојатно дури клучните моменти во економските односи, најмногу изградбата на “Северен поток-2” (кон кој Берлин пројавува нескриен интерес), нема да ги намали тензиите, произлелезени од војната во Украина.  Но да не забораваме дека токму во СПД Москва има многу влијателни поддржувачи и нејзините односи со нив произлегуваат уште од времето на политиката на кохезија, спроведувана од истакнатиот водач на европската социјалдемократија Вили Брант. Токму таа политика денес е единствената алтернатива на предводената од САД и проатлантските приврзаници на Студената војна во Стариот свет, политика за “промена преку притисок”. Во врска со ова, можеме да очекуваме дека фокусот на руската политика во Европа ќе се движи се повеќе и повеќе кон Франција. Како што истакнува за “Дојче веле” Штефан Зајдендорф, заменик-директор на Германско-францускиот институт во Лудвигсбург, новиот француски претседател Емануел Макрон „повторно ја разигрува традиционалната улога на француската дипломатија, која се вклучува во настаните низ целиот свет, претпоставувајќи дека сите тие влијаат на интересите на Париз и дека таа мора да учествува во нив “. Москва го цени фактот дека токму Макрон го покани Путин за прв состанок откако беше избран на претседателската функција. Заслужува да се обрне внимание и на едно друго нешто: дури критично поставената кон Путин британска БиБиСи не можеше да занемари фактот дека „на подиумот во Версајскиот дворец Трианон не се чувствуваше напнатост како она од 2 мај 2017 година, кога Владимир Путин ја прими германската канцеларка Ангела Меркел во Сочи . Тогаш говорот на телото на Путин и Меркел без никакво сомневање покажуваше дека разговорот бил напорен и во одредена смисла залуден“. Јасно е дека францускиот претседател не се стреми кон самостојно лидерство во Европа, но ќе игра значајна улога во француско-германскиот тандем. Токму тука е шансата на  Москва да изгради профитабилен однос со Европа.

Автор: Олег Никифоров/ „Независимаја газета“



Претходна статија

Во ЕУ се оди без Тито

Следна статија

Лондон ја обвини Русија дека подготвува хаос и паника во Велика Британија

Најново од Анализи & Коментари