На Заев уште ВМРО-ДПМНЕ му фали во коалиција: Со ДУИ, БЕСА и ДПА на локални избори

/

Лидерот на СДСМ Зоран Заев уште еднаш повтори дека на локалните избори ќе имаат меѓусебна поддршка со ДУИ, БЕСА и ДПА. Како што вели тој, овие партии се во владина коалиција и дека токму со нив ќе настапуваат на локалните избори.

-Покрај тоа што водиме по анкетите довербата е голема, се верува дека ќе победиме. Но, на крајот граѓаните одлучуваат. Јас можам да ви кажам заради тоа што сме коалициони партнери и со ДУИ, и со БЕСА и со ДПА, имаме коалиција, заедно ќе настапиме за локалните избори. Нормално деталите не можеме да ги кажеме уште оти не ги знаеме имињата, но дефинитивно ги знаеме принципите на коалицирање. Се знае во првиот круг одат сите, после тоа се поддржуваме, фер, така на граѓаните ќе им оставиме сами да ни кажат патот кој е, кој треба на крајот да биде избран во сите други градови, рече Заев.

Извор: zoom.mk



Претходна статија

Направени 4264 тестови, регистрирани 37 нови случаи на Ковид 19

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ за Охрид: Заев ја стимулира урбаната мафија и насилниците од неговата коалиција кои тепаат луѓе

Најново од Вести