НАЧИНИ КАКО ДА ОТКРИЕТЕ ШТО Е НЕКОЈ ВО ХОРОСКОП, ИАКО ГО ГЛЕДАТЕ ПРВ ПАТ ВО ЖИВОТОТ

Секој хороскопски знак има својствено држење, однесување, гестикулација… Доколку ги запомните следниве кратки описи и се потрудите некого да го проучите детално, ќе можете за кратко време да погодите што е во хороскоп, иако го гледате прв пат во животот.

Хороскопските знаци можат да се препознаат по изгледот и карактеристичното држење, како и по говорот на телото кој е поврзан со четиритте елементи- оган, земја, воздух и вода. Еве како да погодите кој е кој хороскопски знак.

ОГАН

Овен– Тие секогаш пристапуваат со сигурност и одлучност. Движењата им се разиграни, сигурни и снаодливи. Соговорникот го гледаат во очи и без извинување го прекинуваат кога зборува. Секогаш се туркаат пред другите, се движат со брзи чекори и со исправена глава.

Лав– За себе создаваат слика на возвишеност, авторитет и уникатност. Тие имаат огромна смисла за убавина, а тоа се гледа и во страста со која се грижат за своето тело. Кај машките припадници на овој знак постои манијакална потреба да се грижат за своето тело, која е пропорционална со присутната исклучителната сензуалност кај женските припадници.

Стрелец– Умеат да бидат необично убави и да зрачат со ведрина, самодоверба и безгрижност. Во нив можете да се заљубите во прв поглед, благодарејќи на нивната неодолива привлечност. Кога некој ги привлекува, Стрелците отворено покажуваат потреба за близина и допири.

ЗЕМЈА

Бик– Припадниците на овој знак имаат изразена фацијална гестикулација- Од поглед кој кажува се’ до муртење, од ситни брчки околу устата до подигнати веѓи. Биковите со своите движења зрачат со сензуалност и сексипил.

Девица– Гестикулацијата и мимиката често се сведени на минимум, но и тоа малку што се гледа кажува многу. Колку и да се трудат, понекогаш не умеат да ја сокријат внатрешната нервоза и се откриваат со вознемирувачки поглед. Кога се успешни тие се емотивно стабилни и движењата им се сигурни и смирени.

Јарец– Движењата на овој хороскопски знак им се извежбани, но доколку некој подолго време го анализира ќе забележи промена ако во негова близина има некоја личност која им се допаѓа. Во тие ситуации концентрацијата им се намалува и најчесто стануваат тивки. Секоја промена која е поврзана со кариерата им се сликува со промена во држењето и одот.

ВОЗДУХ

Близнаци– Тие имаат најкарактеристичен говор на тело. Зборлести, весели, љубопитни, нескротливи, а со рацете говорат вешто како пантомимичари. Не умеат мирно да седат, цело време имаат потреба нешто да дршат во раце, а присуството на игривиот поглед говори дека и во најмирните ситуации се деца на нивниот владаетел, немирниот Меркур.

Вага– Жената Вага праќа заводливи пораки, како и мажот кој на посебен начин ќе даде до знаење дека ја забележува секоја жена која ќе помине поркај него. Мажот Вага е поотворен за комуникација, додека жената е дистанцирана и насмеана.

Водолија– Сталожената ладнокрвност која е присутна кај мажот Водолија, кој не е во најмладите години најчесто е резултат на некогашната способност соодветно да ги изрази своите мисли и чувства со бурната гестикулација. Жената Водолија во зрелата возраст зрачи со толеранција и разбирање во секоја ситуација.

ВОДА

Рак– Нивната воздржаност и внимателност ја покажуваат нивната несвесна потреба за кршење на „нивната заштитна обвивка”, која е резултат на нивната несигурност. Жената Рак со својата сензуалност умее да предизвика кај спротивниот пол чувство на смиреност.

Скорпија– Говорот на телото им е непосреден, но сепак таинствен. Во тензични ситуации усните им се стиснати, а погледот насочен во непознат правец. Ако за некого може да се каже дека со „поглед убива”, тогаш тоа е Скорпијата.

Риба– Динамичноста и отвореноста во пристапот кон другите, поврзани се со неспособноста да останат мирни и постојани. Несигурноста и потребата за сродна душа ги принудуваат кон честа комуникација и со тотално непознати личности. Гестикулацијата им е пријатна и симпатична.